Македонија

Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт е точка на лидерската средба, смета ДУИ по најавата за средба Мицкоски-Филипче

Пред лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ДУИ излезе со обвинување дека на средбата ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.

„Предупредувањата на Демократската Унија за Интеграција, денес во 14 часот ќе добијат облик“, велат од ДУИ.

Овој план, според ДУИ не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава.

„Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможен без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање. Го повикуваме целиот политички и неполитички спектар на албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, соопштуваат од ДУИ.

На почеток