Македонија Програмата за финансиска поддршка

МЗШВ: Исплатени 292.614.813,00 денари субвенции кон 4.574 млекопроизводители

Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.

МЗШВ: Исплатени 292.614.813,00 денари субвенции кон 4.574 млекопроизводители

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.

Од Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанствои денеска информираа дека извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.

Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.

– Субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени. Редовната исплата на субвенциите е приоритет на кој што работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top