„НАСЛЕДНИКОТ НА МЕСИ“ и дефинитивно ја напушта Барселона и тоа засекогаш

Беше претставник како „наследник на Меси“, но Ансу Фати не покажа ништо од својот раскошен талент и блескавата иднина која му се предвидуваше. Веднаш како млад го доби дресот со број 10, и тоа претставуваше веројатно голем товар на грбот на младиот играч.

Многуте повреди го оддалечија од она што требаше да биде. Шпанецот дури се согласи и на позајмица за да ја врати старата форма, но до тоа не дојде. Последната надеж дека ќе биде во плановите на новиот тренер Ханс Флик пропадна, со што Фати може да си бара нов клуб.

Фати од почетокот на сезоната одигра скромни 187 минути, без ниту еден погодок или асистенција, и самиот фудбалер изрази желба да замине. А, самиот клуб нема да му застане на патот да побара нова средина.

Сега каталонскиот тим го доби Ламин Јамал кој „блеска“ во дресот, и речиси сите заборавија на Фати, кој сигурно идното лето ќе има нов клуб.

Се вчитува...