• Иван Димовски

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го анализира одиграното во натпреварот против Македонија (26-32) во квалификациите за Европското првенство. Нашиот национален тим одигра добар прв дел, а потоа фаворитот си ја заврши задачата и триумфира во Скопје. Предводникот на Словенија даде коментар за натпреварот.
„Мислам дека отворивме доста слабо и во одбррана и во напад, имавме технички грешки, но вторите 15 минути во првиот дел се кренавме и фативме ритам. Второто полувреме беше друго, она кое го договоривме го имавме на терен и тоа е тоа. Нашата одбрана и голманите беа на ниво, па се ни беше полесно. Сакам да им честитам на играчите за победата, затоа што навистина имавме многу проблеми, тешко е така да се игра пред полна сала. Македонија е добра екипа, тоа го велам секогаш, го покажа тоа во последно време. Се крева од меч во меч, на Светското првенство покажа што може и дека може со секого. Очекувавме дека ќе биде тешко затоа што се работи за млад тим, ама на крајот добро е што освоивме два бода“, ни изјави словенечкиот селектор.
Двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар и тоа в недела во Копер од 18:30 часот.