Наш ИзборНаш изборОхрид

Зошто Благодатниот Оган секогаш Го дочекува Православен патријарх

Благодатниот оган секоја година на Велика Сабота слегува во вид на светлина од небесата и ги запалува свеките на православниот патријарх кој пред тоа има посебни подготовки со пост (без да вкуси ништо од Цветници ), итн.
Во првите моменти тој оган е нематеријален и не гори, а верниот народ го допира со радост да ја почувствува благодатта.
Во 16 век Ерменците со измама ги поткупиле Ерусалимските власти и за дочекувањето на Благодатниот Оган бил избран нивниот патријарх. А на православниот му било забрането воопшто да влезе во Храмот. Затоа Патријархот и останатиот православен народ останале пред порите на Храмот на Христовото Воскресение. А небиле свесни подмолните поткупители дека со оваа постапка само ќе ја потврдат Православната вера како единствена ВИСТИНСКА права вера. Имено, се случило вака: Православниот Патријарх стоел пред портите на храмот, во молтва и со сите претходни припреми како вообичаено и во рацете држел 33 свеќи како и сите други, а Ерменскиот бил внатре на Гробот Господов очекувајќи го слегувањето на Благодатниот Оган . Но, ако ги излажале Ерусалимските власти, Бог неможе никој да Го излаже, па така Благодатниот Оган во вид на светлина, со брзина на молња удира во средниот столб пред портите и со пламен се запалуваат свеќите на Православниот Патријарх. Во радост сите воскликнувале Алилуја Алилуја Христос Воскресна! А Ерменците останале посрамени.
Сето ова што се случило го видел еден муслиман кој бил на прозорот над портите. Од страв и вчудоневиденост тој паднал одозгора , но по Божја промисла останал жив. Тогаш тој Го признал Исус за свој Бог и рекол дека верува во Него. Поради тоа бил погубен од муслимани и така крстен во сопствената крв тој станал Христов маченик. Имало и уште еден случај предходно кога други сакале да го дочекаат Благодатниот Оган, но тогаш воопшто не слегол , а после овој настан до ден денешен никој не се осмелил на такво нешто. Слава Ти Господе на Твојата голема милост! Процепот на столбот кој останал како сведоштво за чудото. И денес кога се допре се чувствува топлина
pravoslavie.mk