Драматичен натпревар одиграа вечерва екипите на Легањес и на Рајо Ваљекано, кој заврши без победник со победа на Рајо со 0-1. Рајо имаше и предност, и играч повеќе, но во финишот кога беше досуден пенал за Легањес. Најпрво не беше реализиран, па беше повторен, и повторно не беше реализиран, односно два пати голманот Батаља одбрани.
Гонзалез во 45. минута од средбата доби црвен картон за Легањес, а Цис во 78. минута успеа да донесе предност за гостите.
Легањес во последните 12 минути тргна на се или ништо со играч помалку, и успеа да добие пенал во 97 минута од средбата. Го промаши Де ла Фуенте, но од одбиената топка стрелаше Росие.
Меѓутоа по преглед на ВАР снимката, се повтори ударот од 11 метри поради тоа што стрелецот на голот прерано влегол во шеснаесетникот.
Де ла Фуенте одново шутираше, и повторно голманот на Рајо Батаља го одбрани и овој удар, за конечен триумф на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА