„Оваа екипа на Борусија Дортмунд не знае да игра фудбал“

Барселона со една нога е веќе во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вчера го распарчи тимот на Борусија Дортмунд на домашен терен со 4-0, во првиот четвртфинален меч во најелитното фудбалско натпреварување.

Многу критики беа испратени на адреса на „милионерите“ кои нема да го повторат минатосезонскиот успех, кога стигнаа до самото финале во Лигата на шампионите, и загубија од Реал Мадрид.

Српскиот коментатор Раде Богдановиќ „распали“ по тимот на „милионерите“.

„Ова изгледаше брутално. Дортмунд е една екипа со силна традиција, но се на добар пат да бидат како Шалке, Хамбургер… Имаат големи проблеми Германците во последно време“, рече Богдановиќ.

„Тоа што се финалисти не значи ништо. Колку клубови беа финалисти, па за 2-3 години ги нема никаде. Во самиот германски фудбал има други генерации, поинаква структура на фудбалери, тренери кои ги водат клубовите. Многу влијаат и нивните школи, сега се сменети. Не играат имиња, тука нема ниту „и“ од имиња, едноставно оваа екипа на Дортмунд не знае да игра фудбал“, изјави Богдановиќ, кој самиот во кариерата настапуваше во Бундеслигата.

Се вчитува...