logo
logo
logo

Дембеле прво ја одби наградата за најдобар играч, па направи хит фотографија!

Vecer | 16.04.2025

Дембеле прво ја одби наградата за најдобар играч, па направи хит фотографија!

ПСЖ се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, но вечерта во Париз не помина без драма. Астон Вила беше на прагот на сензација, губејќи со 2:0, а потоа за само 23 минути се врати на чекор до израмнување. Парижаните на крајот успеаја, но останува впечатокот дека се доведоа во непријатна ситуација.

Луис Енрике и неговиот тим речиси го прокоцкаа она што изгледаше како безбедно водство. Астон Вила имаше повеќе од половина час да постигне гол кој ќе го одведе натпреварот во продолженија, а нервозата се чувствуваше и на теренот и на трибините.

Тоа најдобро го покажа Усман Дембеле, кој по натпреварот одби да ја прими наградата за играч на натпреварот и бесно влета во соблекувалната. На крајот го наговориле да застане пред камерите, но фотографијата од МВП наградата кажува повеќе од зборови – Дембеле бил видно изнервиран.

Дембеле не го криеше своето разочарување.

„Мислевме дека сме премногу добри. На 2-1 мислевме дека се пласиравме во полуфиналето и дека играта е завршена“, изјави Дембеле по натпреварот. „Така е во Лигата на шампионите. Играте против тимови кои имаат страсни навивачи и тие можат да ги свртат натпреварите во своја полза“, додаде тој.

Во Париз се очекуваа прослави, но наместо еуфорија – студен туш и опомена за ПСЖ. Дембеле со својот потег и изјави јасно стави до знаење дека ваквиот пристап нема да функционира во финалето на Лигата на шампионите. Фотографија од доделувањето на МВП наградата, на која Дембеле изгледа како попрво да биде на друго место, веќе е хит на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk