Украина: Десетици повредени и убиени по рускиот напад на Суми

Најмалку 24 лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а 84 се ранети во напад со руски балистички проектили врз градот Суми во североисточна Украина во неделата, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби на Телеграма.

Меѓу повредените има и седум деца, пишуваат тие.

Државната служба за итни случаи претходно напиша дека луѓето се повредени „на сред улица, во автомобили, јавен превоз и домови“.

Русија го нападна центарот на Суми на верски празник, „кога луѓето одат во црква“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграма.

„Русија сака ваков вид терор и ја продолжува оваа војна. Без притисок врз агресорот, мирот е невозможен“, изјави тој.

Разговорите „никогаш не ги запреа балистичките ракети и воздушните бомби“, додаде тој.

Нападот се случил во дел од Украина каде што се верува дека руските сили подготвуваат голема офанзива бидејќи се обидуваат да окупираат што е можно повеќе украинска територија, пишува Џејмс Вотерхаус, дописник на Би-Би-Си од Киев.

Експлозијата била снимена на контролна камера на една од главните улици.

Запалени возила, тела на жртви и скршени дрвја може да се видат додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Службите за итни случаи соопштија дека им се пружа помош на настраданите и дека психолозите ќе работат со погодените од нападот.

„Истражувачите и форензичарите се на местото на нападот. Тие собираат докази и ги документираат бруталните воени злосторства на Русија против цивилите“, напишаа тие.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното