Спорт
(Видео) Кари и Батлер го решија Мемфис, Орландо ја декласира Атланта

Голден стејт Вориорс и Орландо Меџик се пласираа во плеј-офот во НБА лигата со победите над Мемфис, односно Атланта. Вориорс во првата рунда на Западот ќе играат против Хјустон, а Орландо на Истокот за противник ќе го има Бостон.
Стеф Кари и Џими Батлер го предводеа Вориорс до победата над Мемфис 121:116. Тие заедно постигнаа 75 поени.
Мемфис започна одлично. Морант беше лидер на тимот, гостите водеа со 11:2, но потоа се појави Џими. Почна да погодува од сите позиции, Вориорс водеа дури и со 13 разлика во првото полувреме, но Мемфис го врати резултатот со серија од 7:0.
Во продолжение Вориорс одлично шутираа, во вториот дел остварија 20 поени предност. Меѓутоа, на спротивната страна се појави Морант го врати Мемфис во натпреварот.
Во третиот Мемфис уште повеќе го засилија ритамот и во последниот период влегоа со минус од еден поен (91:92).
До самиот крај на натпреварот беше неизвесно, а потоа се појави Стеф Кари. Тој погоди две тројки и му донесе предност на Голден Стејт од шест поени. Следуваше пенал завршница која им припадна на Вориорс.
Најефикасни во победничкиот табор беа Џими Батлер со 38 поени и Стеф Кари со 37 поени. Од друга страна, Дезмонд Бејн постигна 30 поени, а Џа Морант додаде 22.
Орландо Меџик убедливо победи против Атланта Хокс со резултат 120:95 и закажа дуел со Бостон Селтикс во плеј-офот.
Тимот на Меџик одигра фуриозно прво полувреме, пред се дефанзивно и стекна предност од 15 поени. Атланта во третиот период започна да ја топи разликата, но не успеа да избори нешто повеќе. Орландо во последната четвртина го декласира противникот со 41:22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Болоња го потврди пласманот во финалето на Купот

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3:0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2:1.
За пехарот ќе се борат против Милан.
Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано.
Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута.
Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 година.
Финалето ќе се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим на 14 мај.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид.
Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите од второто коло, Ѓоковиќ одработи официјален тренинг на кој спаринг партнер му беше младиот Французин Артур Фис.
Интересно е што на тренингот се појави и Енди Мареј, кој во последно време не беше присутен на претходните турнири.
Тренингот се пренесуваше во живо на YouTube каналот „Tennis TV“, а на околу половина час пред крајот е снимен момент кој го привлече вниманието на тенискиот свет.
Ѓоковиќ побара крпа по ударот на Мари, очигледно изнервиран од условите на теренот.
Во таа прилика Србинот почна да пцуе.
„Тоа е колапс на системот. Целосен колапс на системот. У пи..у матер, да ти е.ам спортот, да ти е..м тенисот“, рече Ѓоковиќ, додека Мари му подаваше крпа.
Спорт
Ларкин го урна ПАО среде Атина, Фенербахче го декласира Париз

Ефес успеа да направи брејк во Атина, на теренот на европскиот шампион Панатинаикос, додека Фенербахче со убедливата победа над Париз дојде на чекор до пласман на завршниот турнир.
Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1.
Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени предност, во решавачката четврина влезе со предност од 10 поени, но не успеа да победи.
Клучна беше серијата на Ефес од 9:0 која започна на 1:50 до крајот на натпреварот.
Во таа серија се истакна плејмејкерот на Ефес, Шејн Ларкин, кој во последната минута постигна седум поени, вклучувајќи ја и тројката за првото водство на Ефес 76:73.
Панатинаикос имаше напад за продолженија, но Кендрик Нан беше непрецизен.
Ларкин натпреварот го заврши со 20 поени, пет асистенции и три скока, Пи Џеј Дожер постигна 14, а Венсан Поаире забележа дабл-дабл со 16 поени и 10 скока.
Нјефикасен кај ПАО беше Чеди Осман со 16 поени, Нан забележа 14 поени и шест асистенции.
Третиот натпревар се игра во Истанбул на 29. април.
Фенербахче го победи Париз со 89:72. Екипата на Шарунас Јасикевичиус одигра брилијантно прво полувреме во кое постигна 61 поен и стекна преност од 23 поени, која во овој натпревар ниту Ти Џеј Шортс не успеа да достигне.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тарик Биберовиќ со 20 поени (4/4 за два), Најџел Хејс-Дејвис постигна 16 поени, а Марко Гудуриќ 13.
На спротивната страна единствен расположен беше Ти Џеј Шорц со 18 поени, Надир Ифи имаше 15 поени (6/17 од поле), а Тајсон Варди 10 поени.
Третиот натпревар е закажан за 29 април во Париз.