Втор натпревар оваа година на КК Пелистер и втор пораз сега од Куманово каде убедливо беа совладани со 86-72.
Куманово ја искористи предноста на домашен терен и со поддршка од публиката дојде до деветтата победа оваа сезона, исто колку што има и Пелистер.
Убедливо најдобар на теренот беше кошаркарот на Куманово, Радукиќ кој постигна 31 поен, имаше 12 скокови и седум асистенци. Дабл-дабл во составот на Пелистер имаше Мишковиќ, 22 поени и 10 скоков