Ѓоковиќ се враќа дури за Ролан Гарос?

t

Според „ЕСПН“, Новак Ѓоковиќ го очекува повеќемесечна пауза поради повредата и би можел да се врати дури за следниот грен-слем турнир, Ролан Гарос.

Новинарот Крис Фаулер кој го консултирал аналитичарот за спортски повреди, Марти Јамарил, тврди дека Србинот ќе го пропушти скоро целиот пролетен дел од сезоната.

Ѓоковиќ ја повреди задната ложа во четвртфиналниот дуел на Австралија опен против Алкараз, се обиде да го игра и полуфиналето, но не можеше и го предаде мечот против Зверев по првиот сет.

Српскиот тенисер беше напаѓан дека лажира повреди, но се чини дека станува збор за потешка повреда која ќе го одалечи од теренот во наредните месеци.

Ѓоковиќ со сигурност ќе го пропушти АТП турнирот во Доха, нема да игра ниту на мастерсите во САД – Индијан Велс и Мајами, а веројатно нема да се појави ниту на почетокот од сезоната на земја, односно турнирот во Монте Карло.

Се предвидува дека ќе може да игра на турнирите во Мадрид и Рим. Но, со оглед на тоа што претходно истакна дека во моментов го интересираат само Грен-слемовите, можно е следен негов настап да биде дури на 25. мај на Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти ги повика лидерите на Вреди на…

Во петок на ифтар лидерите на коалицијата…

Мојсоска по насилството во Радоциш: Владејачкото мнозинство…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Митингот на кој повика партијата на Вучиќ,…

Османи: ВЛЕН ја води Македонија во опасна…

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија,…