Велиме ДА за сандалите на платформа

30 мај 2024

Сандалите на платформа ќе ги гледаме многу во сезоната што следи. Според модните тенденции, овој тип на чевли повторно ќе биде актуелен летово.

Од различните модели централно место ќе завземат сандалите во бохо стил, односно оние на плутена платформа.

Она што најмногу ни се допаѓа кај нив е комоцијата и леснотијата во чекорењето.

Нивниот изглед потсетува на слобода, романтични моменти, на неодоливо чувство на плажа, сонце и море.

Во продолжение мала доза на инспирација пред викенд.

Фото:Pinterest

Објавено:
30 мај 2024
Категорија: 
Тренд