Душан Влаховиќ ќе продолжи да носи „црно-бело“, ама во Англија

Речиси сигурно српскиот интернационалец Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус во текот на идното лето. За него има многу заинтересирани клубови, особено од Шпанија и од Англија. Арсенал и Барселона се само двата клуба во редот за потписот на Србинот, а сега се споменува уште еден тим од Премиерлигата.

Станува збор за Њукасл, кој уште од сега бара замена за Александер Исак, кој најверојатно на лето ќе си замине од „Сент Џејмс Парк“ и ќе се пресели во Арсенал. Швеѓанецот веќе со години е еден од најбараните играчи, а се чини дека Влаховиќ е идеална замена.

Влаховиќ веќе долго време се поврзува со заминување од Торино, но идното лето се чини веќе е извесно дека Јувентус ќе остане без услугите на Србинот, кој дојде од Фиорентина 85 милиони евра.

Се вчитува...