Таа неодамна откри дека на својот сопруг му наплатува илјадници долари за готвење, чистење, доење и грижа за нивните три деца, пренесува New York Post.
Специјална тарифа
„Му наплатувам на мојот сопруг за услугата на мајка дома, која се грижи за сѐ. Ако добива плата утре, значи дека ќе ми плати тогаш“, објасни таа во видеото, кое брзо го погледнаа повеќе од 4,2 милиони корисници на TikTok.
Тарифата на оваа „професионална домаќинка“ изгледа вака:
- Миење садови 20 долари - околу 300 неделно;
- перење 35 долари - околу 140 долари неделно;
- чистење на бања 60 долари - околу 240 долари неделно.
„Може да спаси...
Списокот вклучува купување намирници, домашно школување на децата и нивниот превоз, кој изнесува 2.700 долари неделно.
„Ако сака да заштеди пари, може да ми помогне да направам некоја од овие работи“, рече Амбер.
Иако често се смета за неблагодарна работа, експертите откриваат дека жените кои остануваат дома, а понекогаш и мажите, кои се откажуваат од трката по кариера, всушност би можеле да заработат пристојни пари доколку им биде платено за нивните напори.
Истражувачите неодамна открија дека „професионалните домаќинки“ во Њујорк заработуваат повеќе од 4.000 долари месечно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата