
Оклахома Сити Тандер го изедначија рекордот на франшизата по победи со упехот на домашен терен над Детроит Пистонс со 119:103. Тандер (64-12), израмнувајќи ги севкупноте победи на франшизата од сезоната 1995-1996 година, кога тимот беше со седиште во Сиетл, и ја продолжија својата победничка серија на 11 меча со што ги задржаа шансите да станат третиот тим во историјата на НБА со 70 победи во една сезона.
Оклахома Сити поведе во првата минута од натпреварот и никогаш не го испушти водството, иако предноста од 16 поени со која влезе во четвртата четвртина се намали на само четири до средината на последната делница. Детроит уште еднаш го намали заоостанувањето на четири поени на помалку од четири минути пред Тандер да ги постигне последните 12 поени од натпреварот и да го однесе натпреварот. До овој успех Оклахома ја предводеше Шаи Гилџеус-Александер со 33 поени, Џејлен Вилијамс додаде 23 поени, а Чет Холмгрен имаше 22 поени и 11 скока. За Детроит најдобар беше Тим Хардавеј Џуниор. со 23 поени.
Лос Анџелес Клиперс на гостувањето ги совлдаа Њу Орлеанс Пеликанс со 114:98. За Клиперс кои ја постигнаа 12-та победа во последните 15 натпревари, најдобар стрелец беше Кави Ленард, кој постигна 28 поени, а Џејмс Харден додаде 21 поен, 10 асистенции и три блокади. Клиперс (44-32) сега се изедначени со Минесота Тимбервулфс и Мемфис Гризлис во битката за шестото место во Западната конференција. Петтопласираните Голден Стејт Вориорс (44-31) имаат само половина натпревар пред овие три екипи. Кај Пеликанс (21-55), кои загубија по 11. пат на последните 15 натпревари, најдобар беше Хозе Алварадо со 17 поени и 10 асистенции, додека Брус Браун додаде 16 поени.
Синоќа Сан Антонио Спарс на гостински терен ги совладаа Денвер Нагетс со 113:106. Стефон Касл, еден од седумте играчи на Спарс (32-44) кои постигнаа двоцифрени резултати, постигна 15 поени до крајот со 15 скока и девет асистенции. Харисон Барнс беше најдобар стрелец со 20 поени, Сандро Мамукелашвили додаде 16 поени и 10 скока, а Крис Пол имаше 17 поени и 8 асистенции.
Денвер (47-30) беше без шест од своите најдобри седум играчи ноќта по двојното продолжение од поразот од Минесота Тимбервулфс. Синоќа поради повреди не играа Никола Јокиќ, Џамал Мареј, Арон Гордон, Кристијан Браун , Пејтон Вотсон и Мајкл Портер Џуниор од лични причини.
Расел Вестбрук придонесе со рекордни во сезоната 30 поени и 11 скока во поразот на неговиот тим. Џејлен Пикет додаде 17 поени, 11 скока и 10 асистенции за својот прв „трипл-дабл“ во кариерата, Хантер Тајсон постигна 18 поени, а ДеАндре Џордан заврши со 10 поени и 17 скока за Нагетс.
Хјустон Рокетс стигнаа до својата 50-та победа сезонава победувајќи ги Јута Џез на домашен терен синоќа со огромни 143:105. Џејлен Грин со 22 коша предводеше седум играчи на Рокетс со двоцифрени број поени. Алперен Сенгун додаде 15 поени, 14 скока и девет асистенции, а Рокетси (50-27) благодарение на оваа победа ја задржаа својата позиција број 2 во Западната конференција. Ајсаја Колиер ги предводеше Џезерите (16-61) со 22 поени. Ова беше седми последователен пораз за Јута, која го има најлошиот скор во НБА со уште пет натпревари.
Мајами Хит (35-41) ја прекинаа серијата од девет победи на Бостон Селтикс (56-20) победувајќи ги на домашен терен со 124-103. Тајлер Херо постигна 25 поени, а Бам Адебајо 21 за Мајами Хит, кои ја продолжија победничката серија на шест натпревари. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 24 поени и девет скока. Дерик Вајт и Џејсон Тејтум завршија со по 16 поени.
Водечкиот тим на Источната конференција Кливленд Кавалирс победи гостувањето во Њујорк Никс со 124:105. Донован Мичел постигна 27 поени за Кливленд, а Џерет Ален постигна 21 поен и забележа осум скока. Њујорк (48-28) доби дабл-дабл учинок од 25 поени и 13 скока од Карл-Ентони Таунс, кој се врати откако го пропушти првиот натпревар во вторникот. ОЏеј Ануноби додаде 23 поени за Никс. Со оваа победа, Кавалирс го изедначија рекордот на франшизата по бројот на втори победи во регуларниот дел од сезоната со тимот 2009/10. Кливленд, кој победи на пет од последните шест, исто така ја прекина серијата од три победи на Њујорк. Водството на Никс пред Индијана Пејсерс за третото место на Истокот е три натпревара, додека Кливленд ја одржува предноста од пет натпревари пред Бостон Селтикс за првото место на конференцијата. Кавалирс и Никс повторно се среќаваат на 11 април во Њујорк.
Далас Маверикс ги совладаа гостинските Атланта Хокс со 120:118, а Ентони Дејвис ја обезбеди победата со кош на 3,4 секунди до крајот. Хокс заостануваа со 115:110 на нешто повеќе од три минути пред Ониека Оконгву да постигне пет поени во серија од 8:0 на Атланта. Неговиот шут на минута и 46 секунди до крајот им донесе предност на Хокс од три поена. Откако Клеј Томпсон погоди „тројка“ за израмнување на 41,5 секунди до крајот, Хокс ја загубија топката на следниот напад, а Дејвис ја фати и постигна кош за победа. Треј Јанг се обиде да упати „тројка“ на крајот од натпреварот, но не успеа. Дејвис го заврши натпреварот со 34 поени и 15 скока, Томпсон додаде 17 поени, додека Спенсер Динвиди собра 14 поени и 10 асистенции за Маверикс (38-39), кои ја остварија третата победа во четири натпревари. Јанг ја предводеше Атланта (36-40) со 25 поени и 12 асистенции, додека Оконгву заврши со 20 поени и 14 скока. Ова е четврти пораз за Атланта во последните пет натпревари и сега заостанува за половина натпревар зад Орландо Меџик во битката за седмото место во Источната конференција.
Индијана Пејсерс (45-31) победија со 119:105 против Шарлот Хорнетс и со тоа се зацврсти на четвртото место во Источната конференција. Тајрис Халибартон постигна 22 поени и имаше 10 асистенции за Индијана, а го следеа Арон Несмит (16 поени), Паскал Сијакам (15) и Мајлс Тарнер (15). Мајлс Бриџис постигна 18 поени за Шарлот (19-57). Марк Вилијамс постигна 16 поени и 12 скока, а Сет Кари 16 поени.
Вашингтон Визардс на домашен терен го победи Сакраменто Кингс со 116:111, со што ја прекина серијата од три пораза. Џордан Пул постигна 23 поени, а ЏејТи Тор погоди клучна „тројка“ кон крајот на четвртата четвртина за Визардс (17-59). Демар Дерозан од Сакраменто постигна 29 поени, осум асистенции и седум скока, а Домантас Сабонис забележа 18 поени, 16 скока и седум асистенции. Зак ЛаВин и Киган Мареј исто така постигнаа по 18 поени за Кингс (36-40), кои загубија три последователни и седум од последните осум натпревари.