Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11967963 Investigators look into the 'Club Pulse' nightclub after a fire in Kocani, Republic of North Macedonia, 16 March 2025. A fire at a discotheque in Kocani in the early hours of 16 March 2025 claimed the lives of at least 50 people and left over 100 injured, according to initial reports from the Directorate for Protection and Rescue and the Center for Crisis Management. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
- Advertisement -
Ad image

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност. Анализата ја спроведе по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице.

Упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. Според Комисијата, регулаторен ризик се забележува и во однос на проверката на условите за вршење угостителска дејност, во постапката и условите за давање лиценца, во однос на казните, а не е јасно и кои дополнителни дејности покрај угостителската се опфатени со Законот.

– Во член 4а став 2 утврдивме регулаторен ризик – одредбата овозможува упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално техничките услови, доволно е лицето само да достави пријава до ДПИ без обврска надлежниот орган да ја верификува точноста на наводите. Ризикот е во тоа што постапката е формално завршена без реална потврда на исполнетост на условите што создава правна празнина поради отстуство на обврската за контролен надзор прeд регистрација и се отвора простор за декларативни пријави што во пракса значи дозвола за вршење дејност без реална проверка што може да има последици врз здравјето и безбедноста на гостите. ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување писмена согласност од ДПИ или друг надлежен орган со што ќе се потврди исполнетоста на минимално техничките услови пред уписот во Регистарот. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението – истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата на Законот.

Во однос на казните, наместо предвидените инспекциски мерки како опомена, задолжување или забрана, се предвидува врачување покана за едукација што не е, рече Димитровска, во согласност со важечките законски процедури.

– Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, произволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци – истакна претседателката на ДКСК која укажа дека мора да се усогласи член 59 од Законот за угостителска дејност со член 82 од Законот за инспекциски надзор.

Заклучокот на ДКСК е дека во Законот за угостителска дејност постојат бројни регулаторни ризици поради недоволно прецизно, нецелосно и неконзистентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надлежен орган.

– Се забележува и правна неусогласеност со други системски закони, пред сѐ, со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци што води до правна несигурност и различна примена во пракса. Овие нормативни слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации – потенцира претседателката.

Извештајот од спроведената антикорупциска проверка со кој покрај Законот за угостителска дејност се опфатени и Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експлозивни материи, ќе биде јавно објавен, но ќе биде доставен до предлагачот, како и до институциите што ги имплементираат и регулираат овие закони.

На денешната седница на ДКСК која е во тек, на дневен ред се и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на член 14 од Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article