
Годинешното издание на Струмичкиот карневал започнува денеска, 26 февруари, и ќе трае до 5 март 2025. На карневалот ќе се претстават 34 карневалски групи и една поединечна маска, со вкупно 1.058 учесници од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија.
И овој пат, седумдневните карневалски случувања во Струмица официјално започнуваат со предавањето на клучот на градот на карневалистите.
Главната вечер е на 1 март 2025.
Карневалската поворка ќе тргне во 18:30 часот од главниот плоштад „Гоце Делчев“.
Струмичкиот карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери.