Браун трагичар на Партизан, Звезда со „пенали“ ја уништи забавата на „црно-белите“!

Екипата на Црвена Звезда забележа многу важна победа во Евролигата. „Црвено-белите“ со слободни фрлања во самиот финиш ја расипаа забавата во полната сала на Партизан (73-71) и направија исчекор напред кон плејофот.

Дуелот меѓу двата белградски тима беше доста тензичен и израмнет, што е нормално заради важноста на бодовите. Ниту еден тим не избега на висока разлика, цело време двата тима си го предаваа водството, а во финишот Црвена Звезда на самиот истек на времето Браун направи прекршок за три слободни фрлања врз Недовиќ кој погоди две, едно промаши намерно и немаше време за повеќе.

Џонс беше најдобар кај Партизан со 20 поени, додека кај Црвена Звезда, Петрушев имаше 17 поени и осум скока, пред Боломбој со 14 поени и исто така осум скока.

Фенербахче на домашен терен ја победи Виртус Болоња и ја забележа 11-тата победа по ред во сите натпреварувања. Турскиот тим славеше со 95-81. Прв стрелец беше Гудуриќ со 17 поени, а Мекалум имаше 15 поени, додека кај Виртус, Шенгелија заврши со 35 поени.

Домашниот терен го одбрани и Монако против Реал Мадрид (77-73) со подобар финиш од ривалот и помалку загубени топки. Стразел со 13 и Калатес со 12 поени беа први имиња кај „кнезовите“, додека кај кралскиот клуб Хезоња заврши со 15 поени и осум скока.

Олимпијакос во возбудлив дуел го доби Анадолу Ефес (92-89). На теренот повторно царуваше најдобриот играч на клубот од Пиреја, Саша Везенков, со 26 поени и девет скока. Кај турскиот клуб Брајант имаше 21 поен.