• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На ГП „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар, во првиот квартал минале 237 394 патници

На ГП „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар, во првиот квартал минале 237 394 патници

Дебар, 4 април 2025 (МИА) – На граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“, на македонско – албанската граница кај Дебар, во првиот квартал од годинава минале вкупно 237 394 патници, што е речиси на истото ниво, споредено со истиот период минатата година.

-На ГП „Блато“ регистрирани се вкупно 226 524 патници. Гледано одделено 45 246 се македонски државјани, од нив, на влез 29 511 додека на излез 24 735. Кога станува збор за странски државјани, регистрирани се вкупно 181 278 патници, при тоа на влез се 99 670 а на излез 81 608 патници, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во последните неколку години фереквенција забележа зголемување, за дури и 60 отсто, по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), кој беше пуште за сообраќај во ноември 2021 година, со кој оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри. Од средината на март, кога беше пуштен за сообраќај мостот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час.

-На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште на влез регистрирани се вкупно 5 567, додека на излез 5 303 патници или вкупно 10 870 патници. Одделно на влез регистрирани се 294 а на излез 318 македонски и 5 273 странски државјани на влез, односно 4985 на излез, нагласуваат од МВР.

Овој премин е на дваесеттина километри од Дебар, кај селото Џепиште, тој е од локален карактер и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион. Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во

останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. вт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан