Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани денеска се одбележаa 29 години успешнo постоење и функционирање на Општина Новаци.Градоначалникот и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300.000 денари.
Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година.
Потоа градоначалникот и претставници на Општина положија на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнува денес, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања.

Општина Новаци одбележа 29 години постоење
More from ВестиMore posts in Вести »
- Работилница на УКЛО Битола: „Современиот македонски јазик во медиумите: Предизвици и перспективи“
- Промовирана студија за развој на летниот и зимскиот туризам на Пелистер (фото)
- В недела нов ракометен празник во Битола влезници нема, Еурофарм Пелистер – Алкалоид пред полни трибини
- Еурофарм Пелистер: не се согласуваме со начинот на комуникација и обвинувањата од Алкалоид
- СВР Битола: приведување за дрога, лице скршило шалтер од стакло во болницата поврдена службеничка