22.8 C
Скопје
10:57 - 17 април, 2025

(ВИДЕО) Бремената Александра Пријовиќ се појави на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград

Српската пејачка Марија Шерифовиќ одржа пет концерти во белградскиот Сава центар. Шестиот концерт како дел од турнејата „Долази љубав“ е закажан за мај годинава.

На петтиот концерт присуствуваа и познати личности, меѓу кои и српската фолк пејачка Александра Пријовиќ. Пејачката во Сава центар пристигна облечена во црни панталони, бела кошула и сиво палто. Со овој стајлинг Александра го сокри трудничкиот стомак.

 

Неодамна пријателката на Александра, Андреана, за српски „Курир“ потврди дека пејачката ќе роди девојче.

„Среќна сум поради Александра, апсолутно. Зборувавме пред некој ден, таа одеше кај мајка ѝ во Бели Манастир. Многу сум среќна. Само да е детето живо и здраво. Ѝ се исполни желбата по синот да добие ќерка, и тоа е најубавото нешто. Нека ѝ се остварат сите желби. Таа и Филип се прекрасни и јас им посакувам сè најдобро“, рекла Андреана.

Откако дозна дека е бремена, Александра најави пауза од кариерата. Таа претходно изјави дека сака да го прошири семејството, а нејзина голема желба е да добие ќерка.

„Најважно ми е моето семејство да е секогаш добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да добиеме ќерка“, рекла Александра во едно интервју.

 

 

Слични објави

(Фото) Се стегна во тесни хеланки! Наташа Беквалац покажа како напорно тренира

Еспресо

Гоца Тржан откри што сакала да прави кога ја напуштила групата „Тап 011“: Животот ќе ѝ бил многу поинаков

Еспресо

Теа Таировиќ се мажи! Пејачката организирала тајна венчавка, сè подготвувала со месеци

Еспресо

Хороскоп за 17 април: Биковите ќе бидат фокусирани, Стрелците ги очекуваат нови предизвици

Еспресо

Пораснал во беда, а сега зема по 20.000 евра бакшиш: Мухарем Сербезовски имал тешко детство во Шутка!

Еспресо

Милица Тодоровиќ била фатена во кражба: „Многу ја сакав Касандра…“

Еспресо