(Видео) „Ништо не е важно кога си заљубен“: Лукас Браво ја потврди врската со Шејлин Вудли?

Лукас Браво, актерот од серијата „Емили во Париз“, проговори за својот љубовен живот. Неодамна се шпекулираше дека е во врска со Шејлин Вудли, а Браво навести дека навистина има некој посебен во неговиот живот.

„Пејџ Сикс“ го праша актерот дали се чувствува чудно што јавноста разговара за неговиот приватен живот. На што Браво рече: „Да, мислам дека сите би се согласиле со тоа. Но, знаеш, кога си заљубен и среќен, ништо друго не е важно“.

Многумина веруваат дека ова било потврда за врската со Вудли.

Гласините за нивната врска се појавија на крајот на март. Вудли и Браво беа фотографирани додека се шетаат низ Париз, а на фотографиите кои ги објави Дејли Мејл наводниот пар се држеше за рака.