logo
logo
logo

Цариник отвори куфер на жена пред ќерка ѝ- и двајцата „пропаднаа во земја“ од срам (ВИДЕО)

Vecer | 10.04.2025

Цариник отвори куфер на жена пред ќерка ѝ- и двајцата „пропаднаа во земја“ од срам (ВИДЕО)

Сето тоа се случило за време на рутинска проверка на багажот, а видеото од запрепастената жена брзо стана вирално и ја обиколи планетата.

На сите им беше јасно...

Откако пристигнале на аеродромот, пришле на обезбедувањето, а цариник го отворил куферот на Тина. Во тој момент „блесна“ огромна розова секс играчка!

Жената останала без зборови од срам, додека аеродромскиот работник ѝ упатил сугестивна насмевка и брзо го затворил куферот, иако на присутните им било јасно што се случило.

Тина била „жртва“ на шега на нејзиниот партнер и нејзината ќерка, кои ја снимиле целата работа, а во позадина се слуша нејзината смеа, пренесува Дејли Мејл.

„Бесценета реакција“

"Не ми се верува што направи. Ми доаѓа да плачам, престанете да снимате", рекла вознемирената жена.

Излегува дека Рајан купил двоен вибратор и тајно го ставил во куферот, додека Брајана имала задача да сними сè.

"Се погрижив прво да поминам низ безбедносната проверка и да ја чекам. Реакцијата на мама беше бесценета", изјавила подоцна ќерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk