Во боите на летото...
•
17 јули 2024
Кога мислиме на лето мислиме на бои, на вибрантни, свежи нијанси коишто со себе носат ведрина и расположение.
Летото е најсоодветно да експериментираме со боите, па дури и да не сте љубител на колоритна облека, сега е време да пробате нешто ново.
Од сини и виолетови па сè до портокалови и зелени, можеме да ја вклучиме секоја боја од спектарот и да ја пронајдеме нашата нијанса за летото.
Можеме да се послужиме и со колор-блок техниката каде умешно спојуваме навидум неспоиви бои.
А за тоа како можат да се комбинираат различните тонови, ќе ви каже нашиот фото водич во продолжение.
Слободно "украдете" некоја идеја.
Фото: Pinterest