Бразилскиот крилен играч Винисиус Јуниор е многу поблиску да потпише нов договор, отколку да замине во Саудиска Арабија, каде му нудат огромна сума на пари. Претходно беше објавено дека на Бразилецот му било понудено пет години договор за 1 милијарда евра.
Сепак, крилниот фудбалер наводно им соопштил на агентите дека не е заинтересиран за оваа зделка, односно не е заинтересиран за долгорочен договор со клуб од Саудиска Арабија.
Од друга страна, Реал Мадрид ги продолжува успешните преговори за нов договор. Во моментов поверојатно е да потпише на три години, отколку играчот да си замине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА