Војската во Мјанмар пукаше во хуманитарен конвој, избегната нова трагедија: „Не ни кажаа дека доаѓаат“


Војската на Мјанмар синоќа отвори оган врз конвој кој доставува помош во подрачјата погодени од земјотресот кој однесе повеќе од 3.700 животи.
Националната ослободителна армија Таанг (TNLA), вооружена бунтовничка група, рече дека воените трупи пукале врз конвојот со девет возила користејќи тешки митралези додека минувал низ населбата Наунг Чо во северната држава Шан на пат кон Мандалај.
TNLA рече дека конвојот ја информирал хунтата за својата рута и плановите за испорака на помош. Меѓутоа, војската тврди дека не била информирана дека конвојот ќе помине и дека отвориле оган бидејќи конвојот не застанал.
Повредени нема, тврдат од хунтата и додаваат дека го истражуваат инцидентот.
