Нови апсења на „граѓани на Рајхот“ во Германија, планирале државен удар

од Milan1
37 прегледи

Уапсени се уште три лица осомничени за поддршка на плановите за соборување на владата на група „обединети патриоти“ од движењето „Граѓаните на Рајхот“, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Осомничените се активно вклучени во плановите за формирање паралелна влада, од милјето на негаторите на корона вирусот, најдоцна од март 2022 година, соопштија во петокот полицијата и обвинителството во Минхен.

Тие наводно се сретнале со раководството на групата и планирале да преземат различни функции. Тие се обвинети за поддршка на терористичка организација и подготвување чин на велепредавство.

При апсењето и претресот на повеќе објекти во Горна и Долна Франкиска, како и во Горна Австрија, пронајдено е и оружје. Осомничените се во истражен или екстрадиционен притвор.

„Граѓаните на Рајхот“ планирале државен удар во Германија и киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах

Слични содржини