Раководството на Вардар го потврди големиот интерес на јавноста за претстојниот фудбалски спектакл, хуманитарниот меч што „црвено-црните“ на 16 април ќе го играат против српскиот првак Црвена Звезда.
Од таборот на Вардар информираат дека веќе се продадени 15.000 билети за овој натпревар, а се очекува бројката дополнително да се зголемува како што ќе се приближува денот на одигрување.
Соопштението на ФК Вардар го пренесуваме во целост:
„ Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вардар од Скопје и Црвена Ѕвезда од Белград, предизвикува огромен интерес. На 9 дена до натпреварот продадени се повеќе од 15.000 билети.
Заради тоа управата замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот. Со цел да се избегнат гужвите при влегувањето. Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоциарана кај фонтаната во Градскиот парк. Ги замолуваме гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина. Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натепреварот.
Влезот за хендикепирани лица кои се движат со помош на инвалидски колички ќе биде од сервисниот влез на југо-исток, а ќе можат да бидат придружувани од едно лице. За тие лица да можат да добијат билет/дозвола за влез, предходно треба да се пријават на e-mail: info@fcvardar.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА