На 7-ми март во Офицерскиот Дом во Битола и на 8-ми март во Музејот на Македонската Борба, се одржа “Twilight Glow” концертот, кој ги воодушеви сите присутни. Концертот, кој беше дел од Candlelight концептот, понуди уникатно искуство во магичната атмосфера создадена од светлата на свеќите и живата музика.
Изведувачи беа пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска и кларинетистот Ристо Ѓоревски, кои со својата виртуозност ја однесоа публиката во неверојатен музички свет. Музиката, во комбинација со интимната и топла атмосфера, создаде единствен момент на емоционална поврзаност со публиката.
“Twilight Glow” не беше само концерт, туку и вистински празник за сите сетила, кој ги спои уметноста и прекрасната атмосфера на свечениот амбиент. Осветлувањето од свеќите и хармонијата на инструментите создадоа магичен амбиент кој го одбележа Денот на Жената, честувајќи ја убавината, силата и елеганцијата на женскиот дух.
Пред концертот, присутните се опуштија на коктел, каде уживаа во чаша вино и мала закуска, а на сите жени им беа врачени мали поклончиња од нашите драги поддржувачи, како знак на почит и благодарност .
Овој настан кој наиде на голем интерес од јавноста, веруваме дека ќе остане во сеќавањата на сите присутни како едно незаборавно музичко и уметничко искуство.
Од организаторите беа упатени пораки дека и во иднина ќе следат и ќе се организираат настани кои ќе понудат уникатни концепти, со цел понатамошно организирање на висококвалитетни уметнички искуства за јавноста.