Свет Лидерите на земјите од...

Министрите на Г7 изразија „длабока загриженост“ за маневрите на Кина околу Тајван

Министрите за надворешни работи на Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, плус Европската унија, ги осудија „провокативните дејствија на Пекинг“.

Министрите на Г7 изразија „длабока загриженост“ за маневрите на Кина околу Тајван

Лидерите на земјите од Г7 вчера изразија „длабока загриженост“ поради неодамнешните големи воени вежби на Кина околу островот Тајван.

Министрите за надворешни работи на Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, плус Европската унија, ги осудија „провокативните дејствија на Пекинг“.

– Овие сè почести и дестабилизирачки активности ги зголемуваат тензиите во теснецот и ја ставаат во опасност глобалната безбедност и просперитет, се вели во заедничката изјава.

Членките на Г7 и меѓународната заедница имаат интерес за одржување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец, се додава во соопштението.

– Ние се спротивставуваме на секакви унилатерални дејства за загрозување на таквиот мир и стабилност, вклучително и со сила или принуда, се истакнува во текстот.

Кина ја отфрли заедничката изјава, нарекувајќи ја „погрешно карактеризирање на фактите и вистината и мешање во внатрешните работи на Кина“.

– Кина жали, се спротивставува и апсолутно не го прифаќа ова, рече портпаролот на кинеската амбасада во Канада.

Кинеската војска ги спроведе вежбите во текот на два дена на почетокот на април. Војската соопшти дека вежбата, во која учествуваа армијата, морнарицата, воздухопловните сили и ракетната единица, вклучувала прецизни напади врз симулирани клучни цели.

Кина го смета Тајван како дел од Народната Република и во минатото постојано се закануваше дека ќе го нападне. Ги предупреди другите земји, особено САД, да престанат да го поддржуваат Тајван, што го смета за мешање во внатрешните работи на Кина.

Тајван, со население од околу 23,4 милиони, има независна влада од 1949 година.

To top