Трендови на пазарот

Каде да инвестирате еден милион евра во моментов?

Извор: Suzanne Woolley/Bloomberg

30 март 2025, 14:47

Каде да инвестирате еден милион евра во моментов?

Depositphotos

Ова можеби не е смирувачко кога пазарите се нестабилни, но секогаш постојат можности во периоди на пазарни превирања.

Индексот S&P 500 е намален за околу шест проценти во однос на последното највисоко ниво поради знаците за забавување на растот, падот на технолошките акции, геополитичките тензии и трговската политика на претседателот Доналд Трамп.

Но, променливите пазари, исто така, можат да откријат вредни можности за инвестиции. Всушност, идентификувањето на пазарните дислокации е тема што се појави кога „Блумберг“ праша четворица инвестициски експерти за тоа каде денес да се инвестира еден милион американски долари.

Двајца од експертите со кои разговараше „Блумберг“ се фокусираа на пронаоѓање атрактивни влезни точки во секторите кои се соочуваат со некаква форма на финансиски притисок, како комерцијални недвижности и приватен капитал. Трет инвестициски професионалец се запраша дали ерата на американскиот исклучителност е завршена и се залага за портфолио 60/40 составено од европски акции и глобални обврзници. Во меѓувреме, четвртиот експерт укажа на барем една област на американската берза која изгледа ветувачка: софтверски компании со средна големина се зрели за купување.

На прашањето што забавно би направиле со еден милион долари, идеите на експертите се движеа од водење екипа на пријатели и семејството на викенд авантури во текот на една година, потоа купување современа уметност, преземање слики на Пикасо, па сè до инвестирање во стартап сцената во Лос Анџелес.

Направивме сиже од идеите на експертите и нивните образложенија. Целиот текст во оригинал е достапен на овој линк.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Префрлување во Европа

Андреа Дикензо, портфолио менаџерка во „Лумис“ (Loomis, Sayles & Co.)

Идеја: „Јас би одела со портфолио 60/40, но не со традиционалното. Помеѓу царините, неизвесноста околу растот во САД и промените во трошењата што веројатно ќе го видиме од Европа, би ставила 40 проценти во европските акции и 60 отсто во кошница со диверзифициран глобален фиксен приход“, вели Дикензо.

Стратегија: „Оваа година видовме драматични текови во Европа и мислам дека не би требало да се бориме против тоа. Пакетот за трошење што го дискутира Европската унија и големите планови за трошење во Германија најверојатно ќе привлечат повеќе луѓе во европските акции. Видовме што се случува кога ќе се вклучи фискалната потрошувачка, а под неа ќе се појави растот. Но, останува отворено прашањето дали Унгарија го прифаќа пакетот трошоци на ЕУ“, вели Дикензо.

                      

      

Алтернативна идеја: „Како и многу мои колеги, јас не поминувам толку време со моите сакани колку што сакам. Времето е нашиот најскапоцен ресурс. Со еден милион долари секој викенд ќе земам пријател или близок и ќе правам некоја активност или авантура што нив ги интересира. Тоа би била најспецијалната година, да се помине време со пријателите и семејството, да се видат делови од САД и светот и да се направи нешто невообичаено“, вели Дикензо.  

Инвестирајте во софтвер со средна капитализација

Торн Перкин, претседател на „Папамарку Велнер Перкин“ (Papamarkou Wellner Perkin)

Идеја: „Се радуваме на можностите за софтвери во 2025 година од причини што вклучуваат проценки, основи и зголемена активност за спојувања и преземања. Лудилото за вештачка интелигенција е многу оптимистично за софтверите, но долари се одлеваа кон „Енвидија“ (Nvidia) и изградба на сервери, мрежи и центри за податоци и сета дополнителна инфраструктура што е потребна. За да ја капитализирате таа мрежа, навистина треба да преминете на софтвер. Софтверот со средна капитализација има недоволно перформанси и од вредносна перспектива изгледа многу привлечно, а од друга страна има постојана потреба да се се подобрува, да станува побрз и попаметен“, вели Перкин.

Стратегија: „Ние користиме фонд, „Скалар Гоџ“ (Scalar Gauge), за да инвестираме во софтверски имиња со помала и средна капитализација. Тоа е концентриран капитален фонд кој цели на помалку познати имиња и има искуство за инвестирање во компании што се развиваат“, вели Перкин.

                      

      

Алтернативна идеја: „Ја сакам уметноста и моето хоби е да сликам. Би го земал милионот и би купил слика од Пикасо. Имаше цртеж на Пикасо од 1964 година, портрет, кој во 2020 година беше продаден за околу еден милион. Само што добив е-пошта од аукциската куќа „Филипс“ (Phillips) во Лондон и таму имаше некои дела на Пикасо“, вели Перкин.         

  

Истражете ги комерцијалните недвижности

Маура Папе, виш стратег за инвестиции во „Бернштајн прајват велт менаџмент“ (Bernstein Private Wealth Management)

Идеја: „Очекуваме повратот на акциите да биде попригушен во следните 10 години. Па така, кога размислуваме за тоа како инвеститорите можат да го добијат потребниот принос, за тие кои се веќе добро диверзифицирани, многу често гледаме подалеку на приватните пазари. Едно место за распоредување на капиталот би било област каде што има дислокација, а комерцијалните недвижности секако се дел од тоа поле. Во индустријата, сите се навикнаа на нула каматни стапки и дојдоа многу пари. Значи, има одлична можност да започнете да го распоредувате овде капиталот на внимателен начин“, вели Пепе.

Стратегија: „Мислиме дека цените на комерцијалните недвижности се вратија на нова реалност. Со оглед на тоа што долгот доспева, а заемодавците веројатно ќе понудат помалку атрактивни услови, солидните имоти кои имаат проблеми со структурата на нивниот капитал може да бидат достапни со попуст“, вели Пепе.
Според неа, повеќесемејните станови, особено на недоволно снабдените пазари, се возбудливи. 

                      

      

Алтернативна идеја: „Јас сум во Лос Анџелес околу три години и би сакала повеќе да се вклучам во стартап сцената. Има толку многу раст, има енергична заедница на акцелератори и технологијата е голема овде. И покрај тешкиот почеток на годината во Лос Анџелес - шумските пожари беа потресни за гледање - има толку многу добри работи што се случуваат. Доаѓаат Олимпијадата и сега се гради метро пред прозорецот на мојата канцеларија. За поранешна Њујорчанка, подобриот јавен превоз е многу возбудлив“, вели Пепе.         

  

Расгледајте опција приватен кредит

Ен Бери, основачка на „Треднидл венчрс“ (Threadneedle Ventures)

Идеја: „Јавните пазари беа екстремно скапи додека има доста приватни можности кои чекаат, вклучително и приватни кредити. Мислам дека пазарот на акции доцни со корекција. Затоа, гледам што обезбедува пристојни долгорочни приноси приспособени на ризик во светот кој се чини дека има поголема макро несигурност на многу нивоа. Со вистински менаџери, приватниот кредит е привлечен“, вели Бери.

Стратегија: „Најголемата употреба на приватниот кредит е финансирање и поддршка на зделки со приватни капитал и средства за откуп. Има голем притисок овие договори да се остварат“, вели Бери.

                      

      

Алтернативна идеја: „Колекционер сум на современа уметност и тоа е многу забавно. Ако имате среќа, тоа може да биде добра инвестиција, иако јас не купувам со таа намена. Еден од уметниците што ги сакам, а сè уште не сум купила ништо, е Ребека Менсон. Ја следев и таа е фасцинантна. Таа прави навистина интересни ѕидни скулптури од керамика“, вели Бери.

  

 

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите