Ова го има само во Турција – во младинската Лига на шампиони над 40.000 гледачи (Видео)

Јуниорите на Трабзон се пласираа во полуфиналето на младинската Лига на шампиони откако на свој терен минимално со 1:0 ги победија фаворизираните врсници на Интер.

Историскиот триумф на турскиот тим беше прославен пред полни трибини на стадионот „Шенол Ѓунеш“, каде што имаше неверојатни 40.368 гледачи.

Ваква посета на меч од младинска Лига на шампиони не се памети, а јуниорите на Трабзон ја искористија огромната поддршка и на крајот победија со 1:0, и тоа со гол постигнат во 77-мата минута.

Терзи, кој го постигна голот за победа и полуфинале на Трабзон, беше пресреќен.

„Ова беа неверојатни емоции. Не постојат зборови со кои можам да објаснам што чувствувам. Голот го посветувам на навивачите“, рече Терзи.

Во полуфиналето на младинската Лига на шампиони, Трабзон ќе игра против врсниците на австрискиот Салцбург, кој минимално со 1:0 славеше над Олимпијакос.

Денеска ќе бидат познати и преостанатите два патника во полуфиналето, а тоа ќе бидат подобрите од дуелите меѓу: Штутгарт – Барселона и АЗ Алкмар – Манчестер сити. Завршницата на младинската Лига на шампиони ќе биде во Нион.

- Оглас -

Најнови вести