Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со убедлива победа во Прилеп во последното коло пред плеј-офот

Прилеп – Еурофарм Пелистер 22:35 (8:18)

Еурофарм Пелистер од Битола без проблеми победи на гостувањето во Прилеп против истоимената екипа во последното, 22. коло од регуларниот дел од Суперлигата, триумфирајќи со убедлив резултат од 22:35. Со оваа победа “пелистерци“ го завршија “регуларниот“ дел од Супер лигата, односно пред плеј-офот. Се уште не се знае кој клуб со колку бодови ќе влезе во плеј-офот, се чека последниот меч Алкалоид и Охрид.

Разликата во квалитетот на двете екипи се покажа уште на стартот на првото полувреме ког Еурофарм Пелистер се одлепи на 4:10, а на крај по 30 минути беше 8:18.

Тренерот Раул Алонсо во второто полувреме нарави многу ротации и тактички воигрувања, но продолжението беше чиста формалност, шампион дојде до рутинска победа.

Најдобар стрелец кај пелистерци беше Цветан Кузманоски со пет гола, а Филип Кузмановски додаде четири гола. Манасков, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ, Костески и Атанасијевиќ, сите имаа по три гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »