Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која ќе имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Во оваа епизода наши соговорнички се две прима балерини, врвни уметници и љубителки на прошетки во природа, Мими Поп Алексова и Марија Кичевска Шокаровска.