Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека Европската Унија разговара за широка палета на одговори на американските царини, кои би можеле да вклучуваат мерки што ќе ги погодат големите американски технолошки фирми.
Ако ЕУ одговори со удар на сиот увоз по принципот на САД, тоа ќе има негативни ефекти за Европа, рече министерот. Тој напомена дека членовите на блокот разговараат за дигиталните технологии и ги наведе и регулативите, размената на податоци и даночните алатки.
„Одговорот може да биде многу енергичен и не смееме да одговориме со истото оружје“, рече Ломбард за ТВ БФМ (BFM TV). „Работиме на пакет одговори што може да одат многу подалеку од царините што ги воведоа САД, со цел да ги доведеме претставниците на администрацијата на САД на преговарачка маса и да постигне избалансиран договор“, рече Ломбард.
Прочитај повеќе

Поднесена е првата тужба против Трамп за царините
Моќна правна група, финансиски поддржана од конзервативците, го тужи претседателот на САД, Доналд Трамп, за наметнатите царини.
04.04.2025

Дали царините ќе ги турнат САД во рецесија?
Увозните давачки на Трамп и зголемениот песимизам на потрошувачите го зголемуваат ризикот од економска контракција, велат аналитичарите
04.04.2025

Царините на Трамп збришаа во еден ден 208 милијарди долари на најбогатите
Вкупното богатство на најбогатите 500 луѓе на планетава се намали за 208 милијарди долари во четвртокот.
04.04.2025

Како ги пресмета Трамп тие 33 отсто? Македонија „казнета“ и покрај дефицитот
Според домашната статистика, Македонија има дефицит со САД, според американската е обратно
03.04.2025

ЕУ вети дека ќе одговори со контрамерки на американските царини од 20 отсто
ЕУ, најголемиот трговски партнер на САД, вети дека ќе возврати откако претседателот Доналд Трамп објави огромни царини против блокот.
03.04.2025