Мециновиќ: Политичката елита живее од нашата енергетска зависност
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати остри критики кон политичката елита во земјата, обвинувајќи ја дека профитира од енергетската зависност на државата.
„Во енергетски најзависната држава во Европа, тековниот премиер доаѓа од енергетскиот сектор, а двајцата пред него имаат најблиски роднини во енергетскиот сектор“, напиша Мециновиќ на Фејсбук.
Според него, оние кои се на власт не доаѓаат да ја подобрат состојбата, туку да извлечат корист од неа. „Политичката елита живее од нашата енергетска зависност“, додава Мециновиќ, алудирајќи на постојаните релации меѓу носителите на највисоките државни функции и енергетските интереси.
Целата негова објава во продолжение: