Претставник на Хамас изјави дека најавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста Франција да ја признае палестинската држава во јуни претставува „важен чекор“.
– Франција, како земја со политичка тежина и постојан член на Советот за безбедност на ОН, има потенцијал да води кон праведни решенија и да инсистира на крај на окупацијата, како и на остварување на стремежите на палестинскиот народ за сопствена држава – изјави Махмуд Мардауи, претставник на палестинското исламистичко движење Хамас.