Адвокатскиот тим на Паф Деди, тврди дека сите негови озлогласени сексуални журки – таканаречени freak-off – се случиле со заедничка согласност на сите инволвирани, а некои истакнати адвокати веруваат дека стратегијата може да има тежина на суд.
Во новиот исечок од документарниот филм на ТМЗ „”The Downfall of Diddy: His Defense”, неколку адвокати коментираат за правната тактика на неговата одбрана. Меѓу нив е и Џозеф Такопина, познат како холивудскиот адвокат за напад на A$AP Roki, кој го поддржа тимот на Диди.
„Главната правна битка овде ќе биде прашањето за согласност“, рече Такопина во видеото.
„Искрено, звучи како луѓето тогаш да се согласиле на било што. Ког ќе помислите на трговија со луѓе, замислувате луѓе кои ги продаваат за секс. Не е трговија со луѓе ако сите сакаат да бидат таму“.
Такопина изјави и дека, според информациите со кои располага, одбраната на Деди има бројни писмени комуникации кои, како што тврди, ја докажуваат согласноста на сите инволвирани и негираат каква било принуда.
Како што се наближува датумот на судење – закажан за 5 мај 2025 година – Деди се соочува со уште повеќе обвиненија. Последната тужба доаѓа од неименуван маж (Џон До), кој тврди дека Шон Комбс сексуално го нападнал на снимањето на реклама во 2022 или 2023 година. „Очигледна сексуална уцена“ Според него, станува збор за снимање на високобуџетна реклама, а тој бил ангажиран како фотограф и асистент во продукција. Човекот тврди дека Комбс го поканил во неговата приколка, каде ситуацијата брзо ескалирала. Според тужбата, Комбс барал орален секс, велејќи: „Ако добро пушиш, ќе ја започнам твојата кариера“ – што беше опишано како „безобразна сексуална уцена“.
„Комбс ја претстави средбата како можност за тужителот да ја унапреди својата кариера. Тужителот, иако несигурен, не можеше да го одбие моментот што изгледаше како да го промени животот – можност што малкумина ја добиваат“, се вели во тужбата, пренесена од USA TODA. „Јасно се подразбираше дека доколку До не го задоволи Комбс со орален секс, неговата кариера нема да има иднина.
Паф Деди моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на судењето.
Извор: Kurir.rs/Index.hr