Арсенал неочекувано рано стигна до предност на дербито против Манчестер Сити откако „топчиите“ веќе во втората минута го отворија резултатот преку Мартин Едегард.
Вината дефинитивно е кај последната одбранбена линија на Сити откако Стоунс и Аканжи одиграа невнимателно на дваесетина метри од сопствениот гол, домаќините ја украдоа топката, па Едегард по несебичното додавање на Хаверц немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Водечкиот гол на Арсенал на ова премиерлигашко дерби можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА