1020 hPa
68 %

16 °C
Скопје - Пон, 14.04.2025 17:59
На 26 ноември, од 15 до 16:30 часот, во Јавна соба во Скопје, ќе се одржи панел-дискусија низ која ќе се истражува засиленото влијание на антиродовите мобилизации низ пост-Југословенскиот регион.
Главна говорничка ќе биде Адриана Захаријевиќ, а свои обраќања ќе имаат и панелистките Ирена Цветковиќ и Слаѓана Начевски.
Оваа сесија ќе биде отворена со презентација на Адриана Захаријевиќ, која ќе сподели сознанија од најновата публикација за антиродовите мобилизации во постјугословенскиот простор, книга напишана од членовите на мрежата #GenPolSEE (Gender & Politics Research Network in South-East Europe). Презентацијата на Адриана ќе се обиде да ја претстави регионалната и локалната динамика на овие мобилизации и начините на кои тие стануваат клучни предизвици за човековите права и демократијата денес.
По презентацијата следува панел на кој ќе говорат Ирена Цветковиќ и Слаѓана Начевски. Панел дискусијата ќе се обиде да понуди размислувања за влијанието на антиродовите кампањи на локално ниво и врз локалните заедници. Ирена и Слаѓана ќе се осврнат на секојдневните предизвици со кои се соочуваат бранителките на човекови права, како и за пошироката закана што овие групи ја претставуваат за демократските институции низ целиот регион.