Додик: Директоратот на Интерпол ја прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа Х објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал дека Директоратот на Интерпол ја прифатила жалбата на Србија и дека е одбиено барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување црвена потерница по него и претседателот на парламентот на српскиот ентитет, Ненад Стевандиќ.

„Благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поддршката и јасната и принципиелна комуникација со Интерпол“, напиша Додик.

„Благодарам на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и на претседателите на сите други земји кои испратија жалба, разбирајќи ја политичката позадина на судскиот прогон на кој сум изложен“, рече Додик.

Претходно Додик ги негираше информациите на сараевскиот портал raport.ba нарегувајќи ги лага наводите дека при посетата на Москва во вторникот и средбата со рускиот претседател Владимир Путин добил руско државјанство. На босанскиот портал, имено е објавена и фалсификуван „скриншот“ од веб-страницата на Sputni. Оригиналната верзија на страницата ја содржи веста „Додик пристигна во Москва“, а лажните слики од екранот го содржи наводот „Додик доби државјанство“.