Европа

Нарачките на германските фабрики не пораснаа пред воведувањето на царините на Трамп

Извор: Alexander Weber/Bloomberg

4 април 2025, 11:08

Иако аналитичарите очекуваа раст на фабричката активност во Германија во февруари, тоа не се случи

Економијата на Германија е во проблеми уште од 2022 година, кога изби војната во Украина

Новите царини нудат „јасен ризик“ од уште една година на стагнација или дури и рецесија во Германија

Нарачките на германските фабрики не пораснаа пред воведувањето на царините на Трамп

Bloomberg Mercury

Нарачките на германските фабрики неочекувано не се зголемија во февруари бидејќи светската економија се подготвуваше за најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на увозните давачки и прекин на глобалните синџири на снабдување.

Побарувачката беше непроменета во однос на јануари, чиј пад од 5,5 отсто не беше толку голем како што се мислеше првично, објави во петокот Заводот за статистика. Аналитичарите во истражувањето на „Блумберг“ прогнозираа раст од 3,4 проценти за февруари.

Bloomberg Mercury
 

 

Без поголеми нарачки, побарувачката падна за 0,2 проценти. Појасен показател за здравјето на германските фабрики ќе дојде в понеделник, кога ќе бидат објавени бројките за индустриското производство и трговијата.

Одделните денешни статистички податоци покажаа посветла слика за индустријата во Франција и во Шпанија, каде што производството се зголеми за 0,7 проценти во февруари на годишна основа, што е повеќе од очекуваното.

Германскиот производствен сектор се мачи од 2022 година, кога Русија ја нападна Украина и ги зголеми цените на енергијата. Сега ќе мора плус и да се справува со царината од 20 проценти што Трамп неделава ја воведе на сиот увоз од Европската Унија, при што водечката автомобилска индустрија во земјата сега се соочува со уште поостри давачки.

Раздорот со САД за прашања што ги вклучуваат трговијата и војната во Украина ја натера Германија нагло да го преиспита својот внимателен став за јавната потрошувачка. Идниот канцелар Фридрих Мерц планира да инвестира стотици милијарди евра за модернизација на инфраструктурата и зајакнување на војската.

Економистот на „Комерцбанк“ (Commerzbank), Јерг Кремер, бројките за фабричката активност во февруари ги окарактеризира како „разочарувачки“, истакнувајќи дека дојдовните нарачки сè уште се на ниско ниво.

„Сепак, закрепнувањето на показателите за расположение, како што е индексот за деловна клима на Ифо (Ifo), ги поттикнува надежите дека нарачките малку ќе се зголемат во наредните месеци“, рече тој. „Тоа главно се должи на глобалните намалувања на клучните каматни стапки. Сепак, масовното зголемување на американските царини ќе го забави закрепнувањето“.

Последиците од давачките на Трамп би можеле да ги згаснат надежите дека германската економија ќе порасне годинава, според Робин Винклер од „Дојче банк“ (Deutsche Bank). Коментирајќи пред објавата на податоците денеска, тој посочи дека постои „јасен ризик“ од уште една година на стагнација или дури и рецесија доколку царинските нивоа на САД останат такви какви што се.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Закрепнувањето на Германија е загрозено од претстојните царини за автомобилите
Европа

Закрепнувањето на Германија е загрозено од претстојните царини за автомобилите

Според „Блумберг економикс“, одлуката на Трамп да воведе царини од 25 проценти на целиот увоз на автомобили во САД го загрозува закрепнувањето на Германија од долгогодишната стагнација.

28.03.2025

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите