Гираси ги надмина Левандовски и Халанд и се запиша во историјата на Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси вчера се запиша во историјата на Борусија Дортмунд, како најдобар стрелец во Лигата на шампионите во една сезона.

Напаѓачот постигна гол против Барселона уште во 8. минута од средбата од пенал, и така дојде до голот број 11 во најелитното европско натпреварување. Со тоа ги престигна двата најдобри стрелци досега во една сезона во ЛШ Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд со по 10 голови. Во вториот дел Гираси постигна уште два гола на овој натпревар, со што дојде до вкупна бројка од 13 голови.

Левандовски до 10 голови дојде во сезоната 2012/13 кога „милионерите“ играа во финалето против Баерн Минхен, додека Халанд до 10 гола дојде во сезоната 2021/22, по која се пресели во Манчестер Сити, и идната сезона дојде до трофејот во ЛШ.

Се вчитува...