Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен лихвар, наплатувал несразмерна камата

На 07.02.2025 во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 50 годишник од Битола поради сомнение за сторено кривично дело “лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Притоа, кај него биле пронајдени  и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, 45 годишно лице од Битола пријавило дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, приведениот ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. 

Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, и 58 годишна жена од  Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, приведениот ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати и дал пари на заем, а за услугата и наплатувал несразмерна камата. По целосно  документирање на настанот, против приведениот ќе следува соодветна пријава.