АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

До крајот на следната година автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов, изјави денеска од Охрид министерот Александар Николоски

До крајот на следната година автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов, изјави денеска од Охрид вицепремиерот и министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, Александар Николоски.

Тој истакна дека е лошо проектиран зафатот за автопатско поврзување чија траса минува низ градби од А категорија, заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели и објекти кои не се подложни на експропријација.

– Ова прашање ќе се решава со законско решение што е во процедура на донесување. Легислативата е веќе усвоена од Владата и наредната недела ќе биде доставена до Собранието на усвојување. За проблемите со свлечиштата што многупати беа посочувани како причина за одолговлекување на проeктот ангажирани се странски експерти, а решенијата што ќе бидат понудени од нив ќе бидат соопштение на јавноста, додаде Николоски.

Тој напомена дека во врска со конечната цена на изградбата на овој патен правец, ќе се направи се’, за да не се излезе од последната проектирана рамка.

 

 

ohridpress.com.mk