Родители бидете свесни дека вие имате највлијателна улога и модел на однесување кое вашето дете го имитира и го усвојува низ одрастувањето. Значи вие сте и би требало да сте најголемиот ИНФЛУЕНСЕР кај вашето дете. Но да се нагласи дека тука зборовите и не се толку значајни, бидејќи важно е вашето однесување. Со вашето однесување вие му давате модел на однесување, или кои правила, навики треба да ги научи.
Родителите би требало да бидат јасни и конзистентни кога ги поставуваат правилата, кога бараат од децата да ги почитуваат. Поставувањето на правила заедно со децата (особено кога се тинејџери) ќе помогне за да се разберат подобро. На пример кога семејството направи свои правила за време на оброци и јадење без телефони. Тоа правило би требало да важи и започнува да се почитува од возрасните членови и секој член се согласи со него, бидејќи не може да се очекува од децата да ги сватат сериозно правилата ако нивните родители не ги почитуваат. Ако децата гледаат дома такво однесување тоа исто го зголемува степенот на социјална интеракција со членовите на семејството.
Родителите треба да знаат дека за здрав физички, психолошки и ментален развој на нивните деца од најмала возраст важни се :
– Физички активности, слободни игри и социјална интеракија.
-Дигиталните медии може да промовираат однесување кое е најчесто со седење, наспроти физичка активност и многу малку социјална интеракција затоа еве неколку
Препораки за родители во врска со времето кое го поминуваат децата пред монитори.
-Мониторите треба постепено да бидат претставувани на возраст од околу 2 години и тоа со гледање на содржини заедно со родителот, а не да биде во случај на т.н „дигитално чување“ “digital babysitting” (кога детето е оставено само со смартфонот.
Важно: Дигиталните медии не би требало да бидат „смирувач на емоции““emotional pacifier”.
Дури и да се лесен и ефективен начин на смирување кога се чува детето“babysit”. Мора да се бараат, мислат алтернативни начини да се справува со силни емоции кај детео. Исклучоци можат да се прават за време на долги летови, но дигиталните медии не смеат да бидат главна алатка за вакви цели.
-Содржините треба да се прилагодени на возраста
-За мали деца времето пред екрани треба да се намали на 1 час дневно, со содржини прилагодени на возраста и висок квалитетни, со мониторирање на родителот и зборување и одговарање на прашања поврзани со содржината која се гледа.
-Да се блокираат Информации кои брзо поминуваат и може да доведат до преголема стимулација кај помали деца, како на пример:
-Агресивни, застрашувачки содржини кои (треба и возрасните да ги избегнуваат).
-Семејните собирања за јадење би требало да бидат без телефони, екрани, така да членовите на семејствоти да си обрнат внимание едни на други и да поминуваат квалитетно време заедно.
-Ако децата гледаат дома такво однесување тоа исто го зголемува степенот на социјална интеракција со членовите на семејството.
-Да се избегнуваат екрани 1 час пред спиење независно од возраста, заради квалиетен сон.
-Децата, тинејџерите треба да имаат 8-10 часа квалитетн сон, физичка активност најмалку 1 час дневно, да поминуваат доволно време во учење, читање книги, омилено хоби, (да се нагласи дека да се има страст кон нешто, хоби е многу значајно во одрастувањето кај децата и тинејџерите).
-Направете здрав баланс помеѓу различни хоби и активности во слободно време (на пр. спорт, социјални програми, видео игри) тоа е клучот. Родителите би требало да дадат можност за малите деца и да ги подржуваат постарите деца во усвојување на различни активности.
-Да се дружат со другарчињата,вклучувајќи слободни активности без телефони, компјутери и квалитетно време со семејството.
-Дигиталните уреди ТВ, компјутер, смартфон треба да се исклучени кога не се употребуваат.
-Во куќата направете „Tech-free zones“ и дигиталните медии не би требало да ги има во спалните соби.
Видео игрите имаат и позитивен ефект
Преку видео игрите се задоволуваат некои основни психолошки потреби (натпревар, автоноимија, социјални потреби) заради тоа прашања за тоа што сакаат во играта, што ги мотивира, играње заедно со нив, родителите можат ги разберат подобро. Да се биде љубопитен, за играта значи и поврзување на родителот со детето.
Совети при играње видео игри
-Играње на видео игри не треба да е самостојно, туку заедно со другари, членови на фамилија. За да биде социјално искуство.
-Регуларни одмори помеѓу видео игри.
-Да се избегнуваат вклучување во т.н.certain massive multiplayer online role-playing games за да нема проблеми при напуштање на играта.
-Да се види содржина на видео игрите.
-Кога бараме од децата да престанат, во некои прилики „the exit point” треба тоа да биде внимателно. Некои игри се со повеќе луѓе заедно он лајн и насреде игра не би било
препорачливо. Многу игри се поврзани со повеќе играчи и не може да се прекине играта. Ако се намали на 1-2 часа не би имало ефект, бидејќи треба да престанат на средина од играта. Тоа може да делува фрустрирачки. Заради тоа подобро е да биде во зависност од број на рунди во игра.
Правила за родители
-Нотификациите можат да се блокираат или пригушат (blocked or muted). Кога се постојано нотифицирани тие секогаш ве оставаат во состојба на готовност и чувствувате потреба да се проверат или да одговорете веднаш. Кога известувањата се пригушени, тие може да ја вратат контролата: лицето можа да одлучи кога ќе ги провери и одговори.
-Истражувањата покажуваат дека исклучувањето на интернет конекцијата или поставувањето на smartтелефон подалку кога se работи, учи, проучува се зголемува ефгикасноста и продуктивноста.