Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе одржа прес-конференција на која му објави војна на Пари Сен Жермен.
Адвокатите на Мбапе најавија покренување граѓанска и кривична тужба, како и работен спор, а од Европската фудбалска унија анализа на спорот што Мбапе го имал со Пари Сен Жермен поради долгот кој играчот верува дека клубот му го должи.
Не заврши тука – адвокатите најавија дека ќе бараат на Пари Сен Жермен да му биде одземена лиценцата за настап во Лигата на шампионите доколку не ги платат долговите.
Адвокатката Делфина Верејден најави дека ќе бидат преземени сите правни чекори за наплата на 55-те милиони евра.
Таа ги критикуваше и комисиите кои се прогласија за ненадлежни иако претходно го поддржаа нејзиниот клиент. Таа потврди и дека имало средба меѓу Мбапе и министерот за спорт на Франција за да се преиспита спорот.
Таа на крајот извести и за средбата со УЕФА. Осврнувајќи се на регулативата која бара клубовите да ги плаќаат обврските кон играчите за да ги исполнат условите за добивање лиценца, таа нагласи дека смета дека Пари Сен Жермен не го исполнува овој услов и дека нема право да игра во Лигата на шампионите додека не ги плати долговите.
Адвокатите побараа и од Француската фудбалска федерација да стапи во контакт со УЕФА и да побара преглед на случајот.
Спорот меѓу Мбапе и Пари Сен Жермен трае откако тој замина во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА