Првиот играч што ќе си замине од Партизан не е големо изненадување

Ден по дефинитивната елиминација на Партизан од Евролигата, стигнаа првите најави кој би можел да го напушти тимот на крајот од сезоната.

Иако се знаеше дека зад себе ја нема најдобрата сезона, сега се појавија информации дека Двејн Вашингтон летово ќе го напушти тимот од Белград.

Тој оваа сезона одигра 19 натпревари во Евролигата и имаше просек од 7,6 поени, 1,1 скок и 1,7 асистенции по меч. Вашингтон во Партизан пристигна од Развојната лига, а веќе на стартот на сезоната „црно-белите“ профитираа од него како дел од блокбастер НБА трејдот во кој беше вклучен.

Зад себе ја немаше најдобрата сезона, но сигурно има време да го подобри впечатокот до крајот на регионалното натпреварување.