Синоќа по повод 80-години “Остен“ и Денот на шегата, на 1-ви април 2025 во галерија “Остен“ беше отворена изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на “Остен“ и долгогодишни соработници со наслов “Еден за сите, сите за никаде!“
На изложбата ќе бидат изложени карикатури и текстови на голем број автори, великани на на македонската карикатура, а меѓу нив беше и битолчанецот Блаже Докуле. На настанот на Блаже Докуле и на други им беа доделени Повелби за придонес во развојот на карикатурата, хуморот и сатирата во Македонија.
Инаку, Блаже Докуле е наградував карикарист на сите големи светски изложби и конкурси, во Кореа, Кина, Турција, Србија…, а ги има добиено и сите награди во Македонија.